Вести

Ѝ здосади да седи по хотелски соби: Јелена Карлеуша од сопругот доби МИЛИОНСКА НЕДВИЖНИНА

Поп пејачката Јелена Карлеуша наскоро ќе стане горда сопственичка на вила во Пекинг.

Откако нејзиниот сопруг, познатиот српски фудбалер Душко Тошич, потпиша две и пол годишен договор со кинески клуб, Јелена не престанува да бара совршена недвижнина во која таа, но и нивните ќеркички Атина и Кина ќе уживаат кога ќе отпатуват кај Душко. На Јелена ѝ здосади да седи по хотелски соби, а бидејќи е сосема извесно дека наредните две години Душко ќе живее во Кина, логично е да се купи и куќа. Неодамна таа го посети својот сопруг во Пекинг и ангажираше најдобра агенција за недвижнини, на кои јасно им стави до знаење каков дом посакува.

„Освен надворешен и внатрешен базен, пејачката инсистираше на тоа секоја соба да има своја бања, вилата да поседува соба гардеробер, како и посебна соба за нејзините обувки, ташни и многу други работи. Кога сѐ ставија на хартија, агентите ѝ рекле дека таква вила ќе чини околу милион евра“, вели извор близок на семејството Тошиќ.

„Душко не сакаше претерано да се меша во изборот на неговата сопруга, затоа што нему одамна му е сеедно каде ќе преноќи после напорниот тренинг и натпревари. Но, како и секој маж кој сака на својата поубава половина и на ќерките да им ги исполнува желбите кои се во доменот на неговите можности, тој е среќен доколку успее во сето тоа“, вели изворот.

Како што се наведува, агентите веќе ѝ понудиле на пејачката одредени вили, но сѐ уште нема се појавено таква која во целост ќе ги исполни строгите и високи критериуми на Јелена.

Loading...
Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close