Само за мажи

Времето со ново изненадување: Прашина и песок од Сахара и многу топлина

Под влијание на силно јужно воздушно струење, во текот на следните денови ќе продолжи транспортот на прашина и песок од Сахара со што и атмосферата ќе биде заматена.

Времето ќе биде умерено, локално и значително облачно а има услови и за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од променлив правец, минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе достигне до 25 степени.

Следува период на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close