Вести

„Војводо“, „маченику“, „Само напрет прецедатале“ – Лавина коментари на „Фејсбук“ по објавата на Груевски

Лавина реакции под најновата објава на статусот на „Фејсбук“ на избеганиот експремиер Никола Груевски во Унгарија. Откако на социјалната мрежа Груевски го објави неговиот најнов статус, за 1 час веќе има над 600 коментари и над 400 споделувања. Најголемиот дел од нив го поздравуваат потегот на Унгарија да му додели азил на Груевски.

Граѓани под објавата на Груевски напишаа: „Ќе ве чекаме да поминете триумфално, победнички низ порта Македонија. Поздрав, борбата за македонската кауза не запира“; „Еден и единствен маченик, затоа што ја градеше Македонија. Овие удбашиве само злоба имаат во себе, но сè има крај. Ти си спасителот на Македoнија“; „Поздрав, војводо наш. Биди жив и здрав. Имаш поддршка од сите нас. Вистински човек за Македонија“; „Бог да е со вас Шефе! Ќе издржиш и ти како и ние Македонците против оваа хунта, се гледаме наскоро!“; „Од Унгарија и се очекуваше ваква одлука бидејки станува збор за правна држава, држава во која се почитуваат законите! Да сте здрав и жив! Борбата за македонската кауза продолжува!“…

Во мноштвото коментари под објавата пишува: „Господинот Груевски и политички азил доби, а ХУНТАТА и Зајакот уште го барат по гаражи и подруми!“; „Напред војводо и Господ да е со тебе. Баба Ванѓа и Нострадамус кажале дека Еден човек ќе биде шо ќе ја спаси Македонија“; „Секоја чес прецедателе и јас доваѓам да барам азил нема живот во Македонија додека се овие“; „Само напрет прецедателе, ќе му дојди крајот на овие од СДС шо водат погубна политика за Македонија и македонскиот народ“…

Помал дел од коментарите се иронични и со сарказам за азилантскиот статус и бегството на Груевски: „Голема чест е што најбогатиот азилант потекнува од Македонија. Денов ќе го земеме како куќна слава“. „Ова ли е примерот што треба да го следиме ние Македонците? Брука, срам, беда, мизерија…“; „Tи си тој лопов што ја донесе државата, па избега и ги предаде сите твои колеги“; „Гледам имате слободно време па си толку голем текст напишал да средам работа фасадер 5 евра од саат пиши ми знам тешко е и досадно издржиии“…

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close