Таблоид

Внуката нека биде убава на мама: Наум Петрески ќе стане дедо

Македонскиот естраден пар очекува бебе – среќниот татко ја потврди веста.

Владимир Поповски, пејачот на фолк-групата „Биоритам“ за „Репортер“ потврди дека тој и пејачката Анастасија Петреска, ќерка на пејачот Наум Петрески, наскоро ќе станат родители. Тој за порталот кажа дека е возбуден што ќе стане татко и со нетрпение го очекува раѓањето на бебето.„Од март ќе бидеме трио. Чувството е неописливо, но сепак најубавото, најслаткото допрва следува“, ни рече тој.

Наум Петерски ќе стане дедо. Неговата ќерка, фолк-пејачката Анастасија Петерска е бремена и носи девојче. Наум во телефонскиот разговор ни ја потврди убавата вест.„Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми соопшти. Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, ни изјави  за Женски Магазин, Петрески.

Анастасија на почетокот од годинава се сврши со Владимир Поповски, пејачот на групата „Биоритам“, со кого е во врска две години. Анастасија и Влатко нема да прават класична свадба туку забава откако ќе се роди ќерката. Бебето треба да се роди во март и можно е забавата да биде двојна- и венчавка и крштевка, велат пријатели на двојката.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close