Вести

Владата на Груевски трошела 10 пати повеќе за лубриканти?

По текстот што го објави македонскиот портал Лидер со наслов „Бизарно: Владата финансира набавка на лубриканти – распишан тендер!“. следуваше реакција од страна на здружението што се грижи за заболените од ХИВ и превенција од истата болест во Република Македонија.

Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка во врска со ХИВ најстрого ја осудува објавата со наслов „Бизарно: Владата финансира набавка на лубриканти – распишан тендер!“. Овој текст најпрво беше објавен во електронскиот медиум lider.com.mk (управител и раководител Љупче Златев), а птооа преземен и објавен и на други портали, и покрај тоа што текстот изобилува со невистини, како и тенденциозни, партиско-политички мотивирани и стигматизирачки наводи.

Имено, во порталот како што пишува во реакцијата, поради дневно-политички цели намерно се дезинформира јавноста со тврдењето дека „лубрикантите немаат никаква врска со заштита од ХИВ вирусот“ тенденциозно прикажувајќи ја владата како голем потрошувач на бизарни работи, во овој случај лубриканти, и истовремено стигматизирајќи одредена група на луѓе од ранливата категорија – во овој случај заболените од ХИВ.

Според реакцијата што беше објавена на порталот Хера.орг.мк, а од страна на граѓанската платформа за ХИВ, лубрикантите претставуваат основно средство за превенција и од нив зависи ефективноста на кондомите, бидејќи тие ја намалуваат можноста кондомот да се скине.

Светската здравствена организација препорачува дека кондомите како средство за превенција ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се промовираат и да се направат достапни заедно со лубриканти, со цел успешна превенција на ХИВ за клучните популации засегнати од овој вирус.

Понатаму во реакцијата стои дека јавноста трена да биде информирана дека лубрикантите се дел од основниот пакет за превенција во согласност со светските стандарди пропишани од Програмата за СИДА на Обединетите нации (УНАИДС) уште од 2005 година. Во таа насока, лубриканти се набавуваат во континуитет од страна на Министерството за здравство повеќе од 12 години наназад и се дел од сите национални стратегии за ХИВ на Република Македонија.

Неточно е и тврдењето дека оваа година е евидентирано енормно зголемување на трошењето за оваа програма, која лани се финансирала со 11 милиони денари. Имено, во последните 5 години трошењето во рамки на Програмата за ХИВ на годишно ниво се движело од 116 милиони денари во 2014 година (што е десет пати повеќе отколку на пример во 2017) до 150 милиони денари во 2016 година, се вели во демантот објавен на Хера.орг.мк

Од Хера предупредуваат дека неодговорното и тенденциозно известување за ова социјално и јавно-здравствено прашање сериозно и наштетува на превенцијата на ХИВ кај сите граѓани, а особено кај ранливите групи.

Извор: Hera.org.mk

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close