Таблоид

(Видео) Тој е новата ѕвезда на Гранд: Слушнете го Дамјан со „Море сокол пие“

Со „Море сокол пие“ и „Дрска жено плава“, 16-годишниот Дамјан Димевски од Скопје го воодушеви жирито во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Додека тој пееше, Јелена Карлеуша неколкупати рече дека Дамјан е одличен, а пофалба за пеењето доби и Марија Шерифовиќ.

„Ти си прв кандидат што ме остави без зборови“, му рече Саша Поповиќ откако го испеа двете песни.Иако доби пофалби од сите, Дамјан го избра рок-пејачот Ѓорѓе Давид да му биде ментор во натпреварувањето.Дамјан првпат пее во „Ѕвездите на Гранд“. Тој претходните две години се натпреваруваше во „Гранд ѕвездички“ и дојде до финалето. Негов заштитен знак се македонските изворни песни.

Во новата емисија на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ жестоко „удри“ по една натпреварувачка па дури ја избрка од студиото.Имено, учесничката почна да кажува името на својот фризер и шминкер, а Марија целосно изгуби трпение, па почна да и вика. „Ајде оди бре, кој фризер?

Што е сега сите се заблагодарувате за фризурата?! Ајде бегај! Губи се!, викаше Марија и тоа доста непријатно.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close