Вести

Тлото се тресе од рано утрово: Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 19.11.2018 година во 05 часот и 47 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 km југоисточно од Скопјe, во соседна Република Грција, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.2, а беше почувствуван од населението во јужните  делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.Пред извесно време, земјотресот што го погоди грчкиот остров Закинтос е почувствуван и во Македонија, особено на повисоките катови во зградите, со интензитет од три до четири степени по Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје попладнево соопштија дека од ноќеска ја следат сеизмичката активност и оти регистрирале повеќе земјотреси што се наоѓаат на  550 километри  југозападно од Скопје, односно во соседна Грција. Најсилниот од нив е регистриран во 54 минути по полноќ и бил со Рихтерова магнитуда од 6.8.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close