Разонода

Свестете се навреме и научете да штедите – еве кои знаци упатуваат на тоа дека трошите премногу

Расфрлувањето со парите воопшто не е добра навика, без разлика колку и да ги имате. Најдобро е да направите свој план и рационално да ги трошите, да помогнете некому и да инвестирате во својата иднина. Кога сте млади најмногу можете да заработите и да заштедите, така што на стари години ќе уживате во големите задоволства. Ако се препознавате во некои од овие точки, тогаш време е да се свестите и да почнете да ги менувате своите лоши навики.

Купувате нови работи само затоа што се нови

Дали ја следите најновата технологија? Не значи дека истата мора да ја имате уште еднаш. Само што се навикнавте на новиот автомобил, веќе сте кај дилерот и барате нови модели. Автомобилот губи 11 проценти од вредноста кога прв пат ќе седнете во него и 19 проценти во првата година. Не морате баш толку често да ги менувате.

Провизија на сметки

Плаќате провизии за користење на кредитни картички или тековни сметки. Плаќање на посебни провизии за користење на кредитни картички е глупава работа, бидејќи веќе сега постојат картички кај кои го нема тој трошок. Истото важи и за тековната сметка или за користење на банкомат. Секогаш има банки кај кои тие трошоци ги нема. Нема потреба да ги користите услугите на неколку банки, одберете една која најмногу ви одговара.

Готови јадења

Зошто да јадете премногу често во ресторан, кога подобро е да јадете дома? Ако појадокот ви доаѓа во амбалажа од стиропор, ручекот во пластична, а вечерата ја одбирате од мени, тогаш секако трошите многу. Ако јадете дома, ќе минете барем 35 проценти поевтино.

Купувате работи кои знаете дека никогаш нема да ги употребите

Секогаш има некоја акција, и вие се туркате да влезете во продавницата, да купите работи кои не ви се потребни. Секогаш купувате за викенд и ја користите понудата “две за едно”, иако ниеден од тие примероци не ви се потребни.

Loading...
Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close