Само за мажи

Стриптиз на поранешната европска шампионка во уметничко лизгање (фото и видео)

Во ревијалната програма настапи во провокативна, но изискувачка точка, во костим на заводлива стјуардеса.

Руската лизгачка Елисавета Туктамишева, која по феноменалната изведба на сложената програма го освои златниот медал во втората етапа на Гран прито во уметничко лизгање во Канада, реши да ги крене тензиите и во ревијалниот настап.

Таа на мразот се појави во оригинален костим на заводлива стјуардеса со црвена марама околу вратот и послужавник кој подоцна го спушти на оградата на лизгалиштето. Во еден момент го отфрли горниот дел на облеката и остана само во градник и мини здолниште со шлиц. И сето тоа со овации од публиката и збунетите телевизиски коментатори кои ѝ оддадоа признание за изведбата на сложената точка со песната на Бритни Спирс „Токсик“.

Елисавета Туктамишева, по маестралниот настап во официјалната програма го освои златниот медал, засенувајќи ја својата земјачка, двократната шампионка на светот Евгенија Медведева, како и Јапонката Мако Јамашиту. Меѓутоа, дваесетиедногодишната Русинка не го привлече вниманието само со победата во официјалниот дел на натпреварувањето одржано во канадскиот град Лавал, што може да се види на видеоснимката.

Овенчана со бројни награди, меѓу другото и со шампионка на светот и добитничка на златен медал на Европското првенство 2015 година, Туктамишева сега првпат по сезоната 2014/15 освојува златен медал во етапа на Гран при.

Еве што вели за својот провокативен настап неконвенционалната млада руска шампионка:

„Се работи за идеја на мој пријател која многу ми се допадна, затоа што веднаш сфатив дека со песната на Бритни Спирс „Токиск“ може да се изведе многу возбудлива точка, па затоа и ја предложив на тренерите. Многу работевме на мојот настап, меѓутоа кога првпат излегов во тој костим, дојде до помали непредвидени ситуации. До Јапонија сѐ ќе поправиме и тоа ќе биде полн погодок. Колегите беа воодушевени, моето момче Андреј беше свесен што го чека, и нему, се разбира, му се допадна“

Елисавета по настапот беше ,,бомбардирана “ од коментари на социјалните мрежи , од кои повеќето позитивни.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close