Само за мажи

Со нов закон, пензија и за тие кои немаат право

Ја најави пролетта, а Владата сега почна да работи на реализација на мерката за пензија на лица постари од 65 години кои не оствариле право на пензиски надомест.

Министерството за труд и социјална политика објави дека почнува процес за подготовка на Закон за социјална сигурност за стари лица. Се тврди дека со законот се предвидува посебно парично давање – право на социјална сигурност на старите лица.

„Со овој Предлог – Закон се уредува парично давање за социјална сигурност на старите лица, посебните услови за остварување, начинот и постапката на остварување на правото и финансирањето. Со овој пропис ќе се обезбеди: – промовирање и одржување на социјалната сигурност на старите лица, – спречување на социјалната исклученост и подобрување на квалитетот на животот – зајакнување на капацитетите на старите лица за водење независен, активен и продуктивен живот, стои во образложението.

Инаку кога ја најави, Министерсвото за труд и социјална политика објави дека износот на социјалната пензија се предвидува да изнесува околу 40 проценти од просечната пензија во Република Македонија или околу 5.000 денари.Требаше да почне да се применува од 2020 година, а од Владата тврдеа дека нема да има многу лица кои ќе ги исполнуваат условите.

Целта беше да се опфатат и граѓани кои веќе имале период на осигурување и определен период на работен стаж во земјава, но тој стаж е под 15 години.Дел од експертскаста јавност пресмета дека ова право ќе го исполнат меѓу 20.000 и 22.000 лица, а државата годишно би трошела околу 26 милиони евра за оваа намена.

Извор: Фактор

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close