Само за мажи

Само нека биде топло, да се спасиме од високи сметки: Метеоролозите најавуваат сончево време до крајот на годинава

Сончево, суво и топло време прогнозираат светски метролошки сервиси за Скопје до крајот на оваа година. Првиот снег ќе падне на почетокот на 2019 година.

Во ноември месец метеролозите прогнозираат сончеви денови со пониски температури. Првите две седмици температурите ќе бидат во позитивата, а кон крајот на ноември утрински ќе бидат под нулата, а дневните до 7 степени.Во декември се очекува променливо, но претежно сончево време. Утринските температури ќе бидат до -6, а дневните до 3 степени.Првиот снег ќе падне во 2019 година.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

Продолжува периодот на стабилно и суво време, освен во четврток, кога во западните делови ќе има локален слаб дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.

Повремено зголемување на облачноста, како што најавуваат од УХМР, ќе има од четврток, кога по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а температурата ќе биде во постепено опаѓање.Утре во Македонија утринските температури ќе се движат од нула степени во Берово до осум во Охрид, Демир Капија и Гевгелија.Максималната температура ќе се движи во интервал од 17 до 23 степени.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close