Таблоид

Раперите се скарани веќе 20 години: 50 Цент ги купи првите редови на концертот на Џа Рул од лоши побуди

50 Цент ги купи првите редови на концертот на Џа Рул од лоши побуди.

Раперите 50 Цент и Џа Рул се скарани веќе 20 години, во текот на кои се случија многу бизарни ситуации меѓу овие двајца музичари, но врв беше дефинитивно потегот на 50 Сент на концертот на Џa Рул минатата ноќ. 50 Цент купи 200 седишта во првите редови на концертот, со цел салата да изгледа празна. Потоа тој на Инстаграм објави фотографија на полупразна сала и се фотошопираше себеси како седи на едно место.

Џа Рул потоа му возврати, исто така, преку Инстаграм, прво со објавување на фотографија на која на 50 Цент му фотошопираше перика и шминка. Потоа објави уште една фотографија од промоција на вотка. 50 Цент тогаш беше фотографиран со транссексуален обожавател, а Џа Рул, заедно со фотографијата со неколку фотошоп-додатоци, напиша: „Ова се случува во овие промоции на вотка … Пијте одговорно, луѓе”.

Караницата на двајцата рапери започнаа во 1990-тите, наводно, откако Џа Рул беше ограбен во продавница во њујоршки Квинс, од каде што се и двајцата. Неколку недели подоцна, Џа рече дека го видел 50 Цент со лицето што го ограбило. Џа Рул денес ја негира таа приказна и тврди дека 50 Цент бил лут бидејќи тимот од „Мурдер инц.“ го отфрлил за време на снимањето на песната на Рул, „Murda 4 Life“.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close