Вести

Премиерот Зоран Заев отвори сендвичара во Скопје сити мол?

Премиерот и градоначалникот на Карпош главни гости на отворањето на еден ресторан во Скопје сити мол.

Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, денес беа главни гости на отворање на новиот ресторан за брза храна, КФЦ, во „Скопје сити мол“. Во прашање е ресторан кој во светот е познат по јадења од пилешко месо, па на социјалните мрежи присуството на премиерот предизвика шеги на негова сметка. Имено, многумина се прашуваат како успева покрај толку набиената агенда да дојде и на отворање на сендвичара, иако во прашање е инвестиција вредна неколку милиони долари.

Имено, во прашање е светски познат американски бренд за брза храна, а инвестицијата е вредна повеќе од 10 милоини евра. Покрај ресторанот во Скопје се отвори ресторан и во Тетово, а според сопственикот на лиценцата, Фатмир Зимбери, во следните четири години се планира да е отворат од 15-20 ресторани со преку 400 вработени.

Компанијата КФЦ, со седиште во Кентаки, САД, е основана во 1991 година и со повеќе од 23.000 ресторани во над 120 држави е втор најголем ресторан за брза храна во светот. КФЦ е лидер во подготовка и послужување пилешко месо подготвено на специфични начини со што би можело да се стимулира и одгледување на кокошки.

 

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close