Само за мажи

Порака во лифт … дете бре, алал!

На социјалните мрежи вирално се шири објавата на Билјана Дуковска, која споделила моќна порака оставена во лифт од едно мало момче од Скопје.

„Јас сум дете и се возам во овој лифт. Твоите цигари ми пречат. Те молам да не пушиш тука. Благодарам“, гласи пораката, која е напишана од детски раце со фломастери во разни бои и е украсена со срциња и смајлиња.

„Ете и да е така, сметам дека е сосема непристојно да се пуши во лифт. Е нема да се угуши, де 🙂 Ама и не е само до детето. Навистина се може минутата и без цигара“.Малку дефокус, ама во контекст. Му викам на едно детенце ,,Ела погали го мачето”, ми одговара ,,Нееее, има бактерии” …

Прав си дека малку се забега. Иако, ова со лифтов баш ми се допаѓа како порака ,,за лепо понашање”…се дел од коментарите по објавата на оваа фотографија на Фејсбук.Пушењето цигари е поврзано со голем број на здравствени ризици од болести како срцеви заболувања, рак на белите дробови. Дури 90 проценти од случаите на рак на бели дробови се предизвикани од цигари.

Во Македонија, 38 проценти се дефинирани како активни пушачи, додека 24 проценти се пушачи 30 дена пред да се реализира истражувањето. Од оние кои се активни пушачи, 44 проценти се машки, а 33 девојчиња. Додека пак, кај оние кои започнале да пушат цигари 30 дена пред истражувањето, 27 проценти се машки, а 21 процент девојчиња.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close