Разонода

Помолете се и замислете желба – прочитајте што треба да направите за да ви тргне на подобро

Македонската православна црква и нејзините верници денес го прославуваат денот на Светиот свештеномаченик Автоном.

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е денот на Св. свештеномаченик Автоном. За време на прогоните на Диоклецијан, Автоном кој беше по потекло од Италија се пресели во областа Витинија во Мала Азија, во местото наречено Сореос. Таму тој долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на Светиот Архангел Михаил.

Недалеку од Сореос се наоѓаше местото Лимна, населено исклучиво со незнабошци. Свети Автоном го проповедаше Евангелието и тука и многумина обрати во евангелската вера. А незнабошците се озлобија поради тоа. Еден ден тие навалија во храмот Свети Архангел Михаил и го убија свети Автоном во олтарот, а убија и многу други христијани во храмот. Во времето на царот Константин, на гробот на Св. Автоном подигна храм некој царски големец Севиријан. Двесте години после својата смрт Св. Автоном му се јави на еден војник по име Јован. Тој Јован ги откопа моштите на светителот и ги најде сосема нетлени.

И мнозина болни добија здравје од светите мошти. Така, Бог го прослави оној кој Него Го прославуваше за време на животот на земјата.

Затоа денес се верува дека молитвата на Свети свештеномаченикот Автоном носи здравје и напредок на секое семејство, па треба да му се помолите. По молитвата преданието вели дека треба да замислите желба која сакате да ви се исполни и Свети свештеномаченикот Автоном ќе ви ја исполни.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close