Само за мажи

Не заборавајте да ги поместите стрелките!

Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето.

В недела на 28 октомври во 3 часот започнува зимското сметање на времето, пришто со поместување на стрелските на часовникот за еден час наназад, времето во 3 ќе се смета како 2 часот, соопшти Бирото за метеорологија. Неодамна Европската Комисија соопшти дека ЕУ планира да го укине преминот од летно кон зимско сметање на времето, а во согласност со овој предлог земјите членки на ЕУ до април следната година треба да одлучат дали ќе останат во зимско или летно сметање на времето.

Предвидено е последното задолжително поместување на летното сметање да биде на 31 март 2019 година, меѓутоа членките кои сакаат да се вратат на зимското сметање на времето ќе можат да го направат тоа уште еднаш на 27 октомври 2019 година. По одлуката на ЕК, Македонија се изјасни дека ќе го следи европскиот пример. Во земјава зимското и летното сметање на времето е воведено во 1996 година.

Одлуката за денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018 година е објавена во Службен весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018 година. Стрелките вечерва ќе се поместат и во земјите на Европа, каде што, пак, неодамна е усвоена одлуката да се укине промената на времето, според која, последното поместување на стрелките ќе се случи во октомври следната година. Според предлогот, секоја членка на ЕУ до април 2019 година треба да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето.

Последно задолжително поместување на времето на летно сметање ќе биде на 31 март 2019 година, а членките што сакаат да се вратат на зимското сметање на времето би можело тоа да го направат уште еднаш на 27 октомври 2019 година.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close