Вести

Не се загрижени за преголемите казни и последиците: Откриваме зошто Македонците овие денови масовно ги палат своите ниви

Еве зошто Македонците овие денови масовно ги палат своите ниви

Со палење на земјата се нарушува минералниот дисбаланс кој е главен фактор за плодноста на земјата и настанува губење на хумусот во почвата. Можат да се изгубат формите азот и хранливите елементи со палењето. Остатоците од жетвата многу добро ја поправаат структурата на земјиштето па дури се препорачува и да останат бидејќи тоа носи подобар квалитет.

Хумусот е плоден и се наоѓа на површината на кората, со мала дебелина, обично неколку дециметри. Се состои од мешавина на органски и минерални материјали со присуство на бактерии. Во процесот на распаѓање на изумрените растенија и животински остатоци се создава многу важна органска материја ХУМУС (лат – humus – земја) која е најзначајна за плодноста. Содржината на хумусот се намалува со длабочината, и па и самата плодност се намалува.

Според професорот Милан Кнежевиќ од Шумарскиот факултет во Белград палењето и високите температури го намалуваат хумусот во земјиштето, предизвикуваат губење на структурата на земјата, ја намалуваат биолошката активност, и тоа се одразува на плодноста на земјиштето. Од друга страна палењето на ниските растенија може да се прошири и предизвика пожар или како што тоа неодамна беше случајот во Србија, поради зачаденоста и намалената видливост дојде до сообраќајна несреќа во која имаше и човечки жртви. НО и покрај сите овие работи, и предупредувањата, земјоделците повторно ги палат своите ниви само поради една проста причина – бидејќи на тој начин подоцна полесно ќе можат да ја изораат земјата.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close