Само за мажи

Македонските газди бараат К-15 да делат на рати

Претседателто на ОРМ, Ангел Димитров, вели дека овој регрес е причина 99 проценти од работниците електронски да се евидентираат во УЈП, а за оние кои немаат компјутер или не знаат да работат со него, тоа го прават работодавачите и така си создаваат трошоци

Некои од приватните компании сакаат регресот за годишен одмор, К-15, на своите вработени да им го исплатат на рати. Тие се распрашувале кај надлежните инспектори дали може да го сторат тоа, информира претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров.

– К-15 со години се исплатува така што подобрите компании го исплатуваат уште во јуни-јули, послабите го исплатувбаат така како што можат, некои дури прашуваат инспектори дали може и на рати. Тоа за мене не е голем грев, битно е да се плати, имајќи го предвид она што го предвидува Општиот колективен договор, оние кои имаат финансиски тешкотии да направат спогодба со Синдикатот и да исплатат помали суми, вели Димитров.

Тој посочува дека ставовите за К-15 се различни, а исплатата на овој регрес е причина најголем дел од работниците да имаат обврска да се пријават во системот за е-даноци на Управата за јавни приходи.

– Сега 99 проценти од вработените во Македонија имаат таква обврска само затоа што земале К-15. Излегува дека К-15 е нешто надвор од работите од работен однос, како да е луксуз, а всушност тоа не треба да подлежи на персонален данок, вели Димитров.

Тој посочи дека со оваа обврска кон Управата за јавни приходи, работодавачите се ставени во позиција да им отвораат електронски адреси на постарите вработени и на оние кои дома немаат компјутер за да може да ја испочитуваат оваа обврска.

– Кај нас 900 луѓе ги регистрираме бидејќи тие дома немаат компјутер за да се регистрираат. Работодавачот сега сам прави трошок и ги регистрира, им отвора мејл за да им помага да можат да го испочитуваат законот. Кога ги носиме законите, треба да видиме дали има реални можности за негово спроведување, вели Димитров и забележува на тоа што обврска за исплата на К-15 имаат само приватните фирми, а не и јавните институции.

Инаку, К-15 во приватниот сектор се исплатува веќе четврта година, врз основа на закон и колективен договор, како резултат на договор меѓу социјалните партнери – синдикатот, работодавците и Владата. Секој работодавец во прватна фирма има обврска до крајот на годината да им исплати К-15 на лицата кои кај него работеле непрекинато најмалку шест месеци во календарската година. Во спротивно, предвидени се парична, па и затворска казна. Годинава минималната висина на К-15 надмина 9.600 денари.

 

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close