Вести

Македонија окована во студ – доаѓаат уште „потешки” денови

Под влијание на антициклон, и во наредниот период во државава времето ќе биде стабилно, суво и натпросечно топло преку денот додека наутро ќе биде студено и со појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини, информира метеорологот Славчо Попоски.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.Со ова веќе се потврдуваат и месечните прогнози кои ги издадовме за месец ноември во кои укажавме дека пред нас е сушен и натпросечно топол ноември, ваквите неповолни временски услови многу лошо ќе се одразат врз земјоделието.

Времето денеска ќе биде сончево со слаб источен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен, соопшти УХМР.Во Скопје, сончево со слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Од утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините и ќе услови позначително опаѓање на дневната температура.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close