Таблоид

Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето

Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева кон крајот на летото се сврши, a Турунџиева во емисијата „Ексклузив“ откри дека очекува внуче, односно нејзината ќерка Лора е бремена со своето прво дете, но се уште не го знаат полот.

-Оставивме да биде изненадување. Моето семејство навива за машко, а во семејството на мојот зет навиваат за девојче. Ќе видиме кој ќе победи. Ќе биде она што мора да биде. Се уште ситуацијата е неизвесна и оставивме да биде здраво и живо, рече  Турунџиева.

По свадбата на најстарата ќерка Лора, поранешниот пливачки ас и актуелен претседател на пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко им посака среќа и љубов на младенците.

„ На  сѐ што е убаво секој човек треба да се радува. Јас сум многу среќен за мојата ќерка. Нејзиниот сопруг го познавам од многу порано, тие се прекрасна двојка и совршени се еден за друг. Господ нека им дава здравје, среќа и љубов“, ни изјави Маленко во телефонскиот разговор.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close