Разонода

„КОЊСКО ЛИЦЕ“ – Трамп ја навреди Сторми, но таа не му остана должна

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник на Twitter, ја нарече „коњско лице“ порноактерката Сторми Даниелс, која тврди дека со него била во врска.

Сојузниот суд во Лос Анџелес во понеделник ја отфрли тужбата за клевета која против претседателот ја поднесе Даниелс.

Судијата пресуди дека претседателскиот твит за кој Даниелс тврди дека е клеветнички, е претседателско право на слобода на говор загарантирано со првиот амандман во Уставот.Задоволен од таквата пресуда, претседателот, на кој не му е туѓа употребата на зборови за потсмев за другите, се нафрли на Сторми.

„Сега можам да го нападнам „коњското лице“ и нејзиниот треторазреден адвокат“, напиша Трамп од Белата куќаТаа веднаш му одговори на Twitter.„Дами и господа, ви го претставувам вашиот претседател“, напиша таа и и потенцира дека уште еднаш покажал некомпетентност, омраза кон жените и неспособност да се контролира.

„Готово е малечок“, заклучува Даниелс, во очигледната алузија на својата неодамна објавена книга во која подробно ја опишува анатомијата на Трамп.

Loading...
Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close