Вести

Казна за возачите ако испрскаат пешаци – еве што да направите ако ве испрска автомобил

Казна за возачите ако испрскаат пешаци, но ова се условите.

Не ретко се случува да се спремиме за некаде, а некој возач на кој многу му се брза, да не внимава и кога има дожд и вода по улиците, да не испрска и да си продолжи со голема брзина како ништо да не се случило.

Со оглед на тоа дека сме во есен и се најавуваат врнежливи денови,  доколку доживеете ваква непријатност, постои закон со кој може да биде казнет возачот.За да бидат казнети несовесните возачите мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат делото, или пак казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или, пак, полицаец да биде сведок на настанот.

Сообраќајниот полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, а доколку нема полицаец во близина, следна опција е да се јавите на 192. но да го задржите возачот и тој да признае што направил.Казната е 35 евра во денарска противвредност, како и 15 негативни поени.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close