Вести

„Итар мамец, добра трска, крупна риба да го испрска“: Новата песна на Наум Петрески ќе ги воодушеви сите ловци и риболовци

Најновата песна на Наум Петревски е посветена на сите ловци и риболовци

Главен виновник за овој проект на познатиот пејач е неговиот голм пријател и познат скопски угостител Љупчо Стевковски – Труба. Тој во една прилика додека биле на дружба на Богомила му кажал на пејачот:

„Наум, досега имаш отпеано песни за сите Деспини, Јовани, за Лазарополе… мислам дека време е да отпееш песна и за нас. И ете сме денес, ја промовираме песната на чуварите на природата и планините, песната за сите ловци и риболовци.“ пишува порталот Вечер.

Инаку, ловот и риболовот на Наум му се пасија уште од детството кога заедно со неговиот татко одел на риболов. Токму и затоа тој како што вели самиот емотивно го доживува снимањето на песната „Сите ловци и риболовци“ во кои се гледаат прекрасните пејзажи во Македонија додека гласот на Наум ги редат стиховите што ќе ги воодушеват љубителите на ова хоби.

 

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close