Вести

Џастин Бибер плаче пред својата сопруга поради бившата девојка: Славниот пејач не може да ја прежали Селена Гомез!

Популарниот пејач не ги криеше своите емоции и не успеа да ги задржи солзите.

Изминатиот месец Џастин Бибер (24) во Њујорк се венча со манекенката Хајли Болдвин (21), но изгледа дека пејачот лошо ги поднесува вестите дека неговата бивша љубов, Селена Гомез (26) е хоспитализирана поради уште еден емоционален напад. Канадската поп ѕвезда во тешките моменти се свртува кон неговата сопруга, а тоа го направи и сега. Снимен е како плаче во автомобилот каде што го вози неговата сопруга Хајли, која со тага на лицето го набљудувала и го тешела.

„На Џастин секогаш ќе му биде тешко поради Селена. Секако дека му е тешко да слушне дека таа не е добро“, открива извор близок на пејачката.

Бибер и Гомез беа пар со години, а во честите смирувања и прекинувања, дефинитивно прекинаа во март оваа година. Шест месеци подоцна, Џастин се ожени. Прво во јули оваа година ја запроси Хајли на Багамите. Огромниот прстен го купил од златарницата Solow&Co во Њујорк. Џек Солов, сопственикот на таа златарница, рекол дека го запознал Бибер преку неговиот менаџер, а свој пријател, Скутер Браун.

Најпосле се одлучил за голем, издолжен дијамант помеѓу 6 и 9 карати. Џек го посетил Џастин во хотелот каде што тој претстојувал, па му го дал прстенот. Златарот не сакал да ја открие точната цена, но гласините велат дека Бибер дал половина милион долари за тој огромен дијамант. Судбоносното „да“ го изговорија пред матичарите, а наскоро планираат уште една церемонија. „Се спрема уште едно големо славење во склоп на кој уште еднаш ќе речат ‘да’ пред Бога и пред сите луѓе кои ги сакаат“, открива изворот. Странските медиуми најавуваат дека споменатата прослава најверојатно ќе се одржи на пет милиони долари вредниот имот во Канада кој летово го купи славниот пејач.

Loading...
Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close