Таблоид

Биба Додева објави слика со ќерката Емануела и ги изненади своите обожаватели (фото)

Емануела е докторка и веќе неколку години живее во Португалија.

Македонската пејачка Биба Додева објави слика со ќерката Емануела и ги изненади своите обожаватели. Таа ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи. „Мајка и ќерка“, напиша и доби комплименти дека двете жени се убавици, а дека Емануела го наследила најубавото од Биба. „Мојата ќерка е мојот свет“ додаде таа.

Биба, која е претседателка на здружението за борба против ракот на дојката „Борка“, изминатиот месец беше актуелна со кампањата „Напред розово“. Здружението во месецот на борбата против ракот на дојката организираше бројни активности, а на едно од нив Биба се појави во друштво на својата ќерка.

Настрана од професионалните амбиции, Емануела е вистинска убавица и изгледа како млада копија на својата мајка. Очи како срна, полни образи и сочни усни – ќерката на Биба ќе ве освои од прва!Таа лани стана мајка, го роди Хумберто Александар.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close