Само за мажи

Ако мажена жена изгледа добро …

Ако мажена жена изгледа добро и покрај староста – морате да му пријдете и да му пружите рака на нејзиниот сопруг.

И добро во очи да го погледнете. Тоа е негова заслуга.

Тој најверојатно не ја мачел својата жена со гадни трикови. Не и ги оставил нејзе тешките работи. Не ја обвинувал, нити ја критикувал, нити пак и викал со груб глас. Ја гушкал, ја бакнувал и ја сакал. И кажувал пофалби и комплименти. И ја штител од опасност. И ја утешувал кога била загрижена. И благодарение на доброто однесување има вистинска убавица покрај себе.

Во четириесеттите години тоа е толку јасно! Жена на добриот маж е убава, елегантна, спокојна. Седи и се насмевнува. Или први нешто по дома. Или едноставно шета за рака заедно со мажот навечер, а сите останати мажи завидуваат. Мислат – зошто мојата жена не е таква?

Ох, па јасно е зошто не е! жената треба да се пази и негува како борбен коњ. Како скапа машина. И едноставно – како човек. Ако покрај секоја мажена и повеќе не така млада жена стои оној на кој треба да му се даде рака – нејзиниот сопруг. И секако дека постојат убави дами кои се сами. А најверојатно и жени кои ја сочувале својата убавина и достоинство и во несреќен брак – но јас такви жени НИКОГАШ немам сретнато. На вашата жена морате да внимавате од нејзините млади денови – и тогаш таа сигурно ќе биде убавица и паметна. И сите ќе зборуваат – му се посреќило на човекот со жената!

И можеби навистина е така. Можеби имал среќа. Но пред сé, тоа е заслуга на мудриот и добар маж. Изгледот и карактерот на жената многу зависи од односот што тој го има кон неа.

Од добри и убави зборови ние сјаиме и се подмладуваме. Од прегратките стануваме позгодни. Од бакнежите поубави и подобри …

И по постара жена секогаш можете да видите каков маж има – добар или не баш. А мажите избираат кого сакаат да имаат покрај себе – убавица или не баш. Нам жените ни треба само малку топлина и наклонетост, убави зборови и поддршка од нашите партнери. А останатото ние и така го опростуваме – кога си сакан многу тоа можете да го опростите.

Извор: vk.com,bebamur.com

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close