Вести

Мицкоски до Русковска: Дали Заев ги предупредил осомничените за ,,Рекет?

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, има прашања до обвинителката Русковска, по протекувањето на дел од изјавата што Орце Камчев, ја дал предобвинителите за случајот ,,Рекет“.

,,Наместо борба против криминалот, гледаме дека Владата се занимава со тужби против новинари и медиуми, а Македонија продолжува тоне. Додека Фрики, Кики, Шеки глумат навредени од вистината, а нивни блиски најавуваат апсења, колку да потврдат уште еднаш дека криминалниот октопод е разнишан и некако мора да се брани, вистинските прашања остануваат неодговорени.

На пример Рускоска да одговори дали информациите кои се темелат на записникот, што го објавија медиумите се вистинити? Ако се вистинити ,тогаш дали е точно тврдењето дека лично Заев дал информација и предупредување до сега осомничените дека се пријавени за Рекет?

Дали Заев е помагател во Рекет, и дали ова не е одмотување на клопчето кое треба да не одведе до главата на октоподот, инспираторот и нарачаталот?

Да не се заборави прашањето каде заврши куферот од 1 милион евра? Зарем некој верува дека Јанева која се сомничи дека ја завршила главната работа во случајот Рекет, во кој се обиделе да изнудат 8 милиони евра, завршила со корист изразена во мебел од 5 илјади евра? Зошто за премиерот и неговата свита медиумите се непријатели и ги тужат, а не велат ништо на пример за сопругот на еден нивен функционер кој така лаконски најавува апсења во стилот “државата тоа сум јас”?

Зошто на премиерот Заев му сметаат вестите поврзани за Рекет во медиумите, а на пример не му сметаат невистините кои ги кажуваат секојдневно на прес конференции од неговата партија, оцрнуваат луѓе, конструираат, манипулираат“-пишува опозиционерот Мицкоски.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close