Вести

Чумата се шири – овие два града се новиот Вухан!

Смртноста од коронавирусот се зголемува на секои два часа

Вооружените сили бараат помош од НАТО

Мадрид и Лондон се соочуваат со потешки размери на епидемијата од новиот корона вирус отколку Ломбардија во Италија, а стапката на смртноста во овие два града се зголемува двојно на секои два дена.

loading...

Но според прогнозите, Њујорк би можел да ги премине сите во црната статистика.

Ломбардија во Италија го замени Вухан во Кина како најтешко погоден регион на светот со вкупно 6820 починати, но ако веруваме во стапката на смртност, Лондон и Мадрид би можеле да бидат следните големи жаришта.

Според најновите анализи бројот на смртни случаи покажува дека во некои градови брзо ги преминува просечните вредности дури и за цели држави во кои се наоѓаат. Па така на пример во Лондон бројот на починати од новиот корона вирус се зголемува двојно на секои два часа, што е за цел ден побрзо отколку во остатокот од Велика Британија.

Во Велика Британија само во вторникот навечер починаа 87 пациенти, од кои 21 само во Лондон.

Бројката на смртни случаи порасна шест пати за една недела.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close