Вести

Ужасна трагедија во Скопје – петгодишно девојче се удави во базен

Несреќата се случи во скопско Визбегово

Голема трагедија се случи во еден угостителски објект во Скопје

Вчера во базен во угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче. Тоа веднаш било пренесено со возило на итна медицинска помош во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

loading...

И покрај помошта од докторите, девојчето не успеало да преживее. Тоа починало во раните утрински часови, околу 08.30 часот.

Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.

Како што објави Скопје инфо, попладнево е хоспитализиран и таткото на девојчето на кој му се слошило откако дознал за смртта на својата ќерка.

Инаку, и пред две недели 14 годишно девојче се удави во базен во Битола.

Несреќата се случи на 12 јуни, во базенот кој е во сопственост на ЈП Стрежево, кој повеќе од две години е издаден под концесија.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close