Вести

Тајни документи откриваат завера поврзани со ширењето на новиот коронавирус

Откриена е завера отколку ширењето на опасниот коронавирус – се дозна шокантна вистина од тајните документи што се појавија

Тие ја шират идејата дека Евреите го создале новиот вирус за да можат да продаваат вакцини па затоа ги повикуваат своите следбеници да ја шират заразата меѓу еврејските заедници и меѓу безбедносните сили.

Во прашање се екстремните расистички груби, вклучувајќи ги неонацистите и другите бели супермацисти, кои ги охрабруваат своите членови и симпатизери, кои се заразени со корона вирусот, да ја рашират заразата на полицајците и Евреите, се наведува во доверливите документи на ФБИ.

loading...

Членовите на екстремните групи се охрабруваат меѓусебно ако бидат заразени од новиот корона вирус Ковид-19, да го прошират вирусот, преку телесни течности и лични интеракции, пишува во тајниот документ.

Екстремистите исто така, даваат директива на своите следбеници да ја прошират заразата на Евреите така што ќе одат на местата на кои се собираат, вклучувајќи ги и маркетите, зградите на полицијата, деловните објекти и верски објекти.

ФБИ не сака да зборува многу за паниката што ја кренаа по појавувањето на овие документи во јавноста, но во посебно соопштение велат дека ваквите антивладини групации во Америка сакаат да ги имаат како цел и безбедносните сили бидејќи тие за нив преставуваат симбол на авторитет.

Но како што велат тие, жално е што во време на државна криза тие се обидуваат да ги остварат таквите цели, пишува во соопштението.

Во истрагата за однесувањето на екстремистите преку интернет заклучено е дека супермацистите со недели испраќаат пораки едни на други во кои ги обвинуваат Евреите и еврејските лидери за корна вирусот, но и за воведувањето на мерките за претпазливост за да се сопре ширењето на заразата, но не ги опфаќаат активностите на владата, се вели во соопштението од ФБА.

Тие ја шира идејата дека Евреите го создале корона вирусот за да можат да ги продаваат своите вакцини и ги повикуваат следбениците да ја шират заразата во самата еврејска заедница и меѓу безбедносните сили.

Па така во време на кревка економија и пореметен социјален живот екстремистите шират омраза, лаги, но и монструозни повици за ширење на смртоносната зараза на одредени делови на американското општество.

Во Македонија отворени е-маил и телефонски броеви за пријавување на непочитување на мерките против Ковид -19

Владата и Инспекцискиот совет апелираат до граѓаните да ги пријавуваат неправилностите и непочитувањето на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од КОВИД- 19. За таа цел отворени се нови е-мејл адреси и ставени се во функција бесплатни телефонски линии. Граѓаните можат неправилностите да ги пријавуваат на следните мејлови и броеви:

-Државан инспекторат за труд poplaki@dit.gov.mk
151 31

-Државен пазарен инспекторат nepravilnosti@dpi.gov.mk
191

-Државен санитарен и здравствен инспекторат prijavi.dszi@gmail.com
0800 255 55

-Агенција за храна и ветеринарство sin@fva.gov.mk
0800 3 2222

-Државен инспекторат за транспорт prijavi@dti.gov.mk

-Агенција за лекови и медицински средства prijavi@malmed.gov.mk

Од Владата денеска информираа дека инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен.

– Без исклучок секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат.

Повикуваме на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас, се вели во владиното соопштение..

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close