Таблоид

Снаата на Брена искрено за подарокот што го доби – „Тоа е најубавото нешто што некогаш сум го добила!“

Пријовиќ откри што добила од сопругот за роденден

Снаата на Брена отворено за својата роденденска прослава

Александра Пријовиќ неодамна го прослави својот 24 роденден. Таа истата вечер имала настап, па кога си дошла дома, најблиските и пријателите и приредила вистинско изненадување. Таа деновиве пред камерите на „Блиц“ откри дека прославата траеле до раните утрински часови, но и дека најголемото изненадување и го приредил нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ со кого го има малиот Александар кој има седум месеци.

Таа во интервјуто откри дека дома ја пречекале со полна куќа балони и торти, а најголемо изненадување добила од својот Филип.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Имено, пејачката најпрво не сакаше да открие за што станува збор, но реши накратко да раскаже за подарокот.

Подарокот го добила со натпис „Бидејќи јас сум мал, го замолив татко ми да го направи овој подарок“. Во прашање се поголем број фотографии собрани на едно место, а на кои може да се види и фотографијата од ултразвукот и нивната прв облека што ја купиле за малиот Александар. Пејачката во еден момент дури пуштила и солза додека го разгледувала подарокот.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

„Тоа навистина е најубавото нешто што некогаш сум го добила, изјави таа повторувајќи неколку пати“, не криејќи ја среќата.

Loading...
Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close