Вести

Русија ги мобилизира граѓаните за војска

И покрај опасноста од корона вирусот

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша наредба во која се повикуваат 135.000 мажи да служат воена служба.

„Од 1 април до 15 јули 2020 година се повикуваат на воена служба граѓаните на Руската Федерација, на возраст од 18 до 27 години “, се наведува во наредбата потпишана од страна на рускиот претседател.

loading...

Станува збор за 135.000 луѓе кои не се во резервниот состав.

Минатата пролет, 135.000 мажи исто така беа повикани во редовите на руската армија. Претходно од Кремељ беше официјално објавено дека се разгледува можноста за одложување на воената служба за подоцнежен период заради состојбата со корона вирусот.

Според министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, регрутите ќе поминат низ задолжителна двонеделна карантин по пристигнувањето во касарната, пренесува Спутник.

Извор: hayat.ba

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close