Вести

Рахиќ: Мобилен во затворот Шутка се набавува за 200 евра

Телефон во затворот Шутка нелегално се набавува за 200 евра. Ова го вели директорот на истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, Есад Рахиќ, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– „Има, како и секаде, една одредена мала група корумпирани луѓе коишто работат тука и коишто успеваат да „бутнат“ по некој телефон. Ние вршиме редовни контроли, одземаме дел од тие телефони и ги санкционираме виновниците“, вел итој.

Додава дека телефон може да се купи за 200 евра.

За потсетување, во Шутка се и специјалната обвинителка Катица Јанева, Боки13 и Зоки Кичеец за рекет, за изнуда на пари.

Есад Рахиќ, директорот на Истражниот затвор Скопје во Шутка во разговор за „Радио Слободна Европа“ зборувше за условите во оваа институција, како и за Катица Јанева.

„Госпоѓа Катица Јанева не е во женско одделение, таа е во еден посебен оддел каде што според безбедносната проценка на затворската управа има друг третман, од безбедносен здравствен и секаков друг аспект“, откри Рахиќ а во продолжение објасни:

„Во принцип, ниедно притворено лице не е само, секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа што станува збор за личност која била специјален јавен обвинител, посебен општествен интерес, бидејќи тоа така брзо е направено, ние сметавме дека во еден временски период треба да направиме комплетна безбедносна и здравствена проценка и слично и госпоѓата да биде сместена на адекватно место“.

Рахиќ се пожали и дека во Шутка е гужва и прв пат во историјата на притворот и на затворот се случува да има толку многу жени:

Ние сме малку ограничени со тие сместувачки капацитети, ние имаме три одделенија и за жал после подолго време, прв пат во историјата на притворот и на затворот се случува да имаме некаде околу 18-20 жени, најмногу имало по 3-4. Тоа се поголеми одаи, да не речам ќелии, во кои има по 4,5 или 6 жени. Малку е незгодно, има разни профили на жени внатре, имате женски лица судени за убиство, имате за изнуда и малку е тешко да вклопите еден таков профил како госпоѓа Јанева меѓу тие лица, но ние си ја вршиме нашата работа, така што таа е сместена на најдобар начин на кој што можеме да го направиме.

Целото интервју може да го проследите на Радио Слободна Европа.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close