Таблоид

Психолозите загрижени поради опасниот тренд што го шират Кардашијанките

Нов негативен тренд за кој е виновна познатата манекенка

Во прашање е феномен за кој покрај Кендал Џенер виновни се и други познати фаци, а е познат под името „sadfishing“.

Феноменот се однесува на тоа кога познатите ликови зборуваат за некој свој емотивен проблем но значително го преувеличуваат за да ги освојат симпатиите на што поголем број на публика, а всушност се работи за маркетиншки трик. Па така Кендал неколку пати досега има зборувано за својот проблем со акните што го имала како тинејџерка, а всушност само сака да го привлече вниманието на публиката. Ова според стручните лица е поприлично загрижувачки тренд посебно за младите.

Имено, според резултатите од истражувањето на агенцијата „Digital Awareness“ кои беа објавени неодамна, трендот во кој познатите отворено зборуваат за своите емотивни проблеми, притоа истите преувеличувајќи ги и предизвикувајќи сочувство кај публиката со нив, значително се зголемува. Во истражувањето кое било спроведено во Британија, преку 50.000 ученици од 11 до 15 години изјавиле дека се под негативно влијание на ваквиот тренд, што кажува дека ситуацијата е загрижувачка.

Според научниците „sadfishing-от“ може да има спротивен ефект кај обожавателите и оние кои се изложени на него да бидат цинични и збунети во врска со тоа што е стварност.

Покрај проблемот на Кендал Џенер со акните за кој дури и нејзината мајка Крис Џенер зборуваше во медиумите, познат ваков „sadfishing“ користеше и сопругот на Ким Кардашијан, Кајне Вест.

Loading...
Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close