Вести

Прва проценка на Кинезите за состојбата во соседството – еве за колку време ќе заврши епидемијата

Еве што велат кинеските епидемиолози

Српскиот министер откри што му кажале кинезите

Доколку од денес сите почнат да се придржуваат до сите мерки, стручните лица од Кина проценуваат дека на Србија ќе и треба 29 дена да ја стабилизира ситуацијата со коронавурусот, изјави министерот за здравство, Златибор Лончар.

loading...

Групата кинески стручни лица вчера стигнаа од Кина за да и помогнат на Србија во борбата со новиот вирус.

Министерот за здравство вели дека нивните реакции се задоволителни, односно тие се задоволни од мерките што ги презема Србија.

Тие денес треба да излезат со првиот сет мерки кои кај нив се покажале како добри, истакна министерот.

„Кога сите би ги почитувале сите мерки на државата, според проценките на кинеските стручни лица, во Србија за минимум 29 дена ситуацијата со коронавирусот би можела да се стабилизира.

За да бидеме во ситуација да нема зголемување на бројот, тогаш од денес не смеат да се прекршуваат мерките. Би ни требало 29 дена. Тоа е нивната прва верзија, но тие се уште се оградуваат. Се надевам дека утре ќе имаме некој нов предлог и сет мерки, изјави српскиот министер за здравство.

Инаку во Србија во моментов на респиратори има 15 лица, од кои тројца се во сериозна здравствена состојба. Тие во главно имале и некоја друга болест.

Ќе се заоструваат и мерките за помладите од 18 години

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес -конференција истакна на Комисијата за заразни болести разговарале за заострување на мерките.

„Тоа се однесува за ризичните групи. Тоа се граѓаните над 65 години и младите до 18 години кои се преносители. И на седницата на владата ќе се дискутира за овие мерки, а после тоа ќе информираме – додаде првиот човек во здравството.

Тој додаде дека заврши инкубацијата на сите оние кои имале контакт со ексдиректорката на Кожната клиника, а во наредните неколку денови на сите ќе им се извршат тестирања.

Нови 22 случаи на корона вирус во Македонија, бројката достигна вкупно 136 заразени

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close