Вести

Прва жртва меѓу докторите на Балканот од коронавирусот – почина гинеколог од Ниш

Вирусот најверојатно и го пренела пациентка од Италија

Докторката е четврта жртва од корона во Србија

Гинеколог од Ниш, Биљана Натиќ Љумовиќ (59), почина од последиците од заразата од новиот вирус корона. Таа е првиот здравствен работник од Србија што го изгуби животот во епидемијата.

loading...

Биљана почина вчера, околу 16 часот.

Таа ја изгуби битката со тешката болест на Клиниката за инфективни болести во Ниш. Таа беше една од најтешките пациенти иако немала потешки хронични болести. Меѓу првите беше приклучена на вештачка вентилација, пренесуваат српските медиуми.

Гинекологот беше една од осумте заразени доктори од Ниш кај кои официјално е потврден вирусот корона.

Повеќето од нив се во добра здравствена состојба и не се на болничко лечење, но се во самоизолација.

Се сомнева дека се заразиле во една приватна ординација во која работеле прекувремено, а вирусот го донела „пациентка од Италија“.

ЕУ ќе и додели 69 милиони евра на Македонија за справување со корона вирусот

Македонија ќе добие 69 милиони евра од ЕУ за справување со состојбата со коронавирусот, соопшти министерот за надворешни работи Никола Димитров. „Од тие, три милиони се директна буџетска поддршка, 50 се за економско опоравување, четири за најитни медицински потреби во борбата со коронавирусот, 12 за поддршка на малите и средни претпријатија“, рече министерот за надворешни работи во гостување во емисијата Топ тема на Телма.

Тој оцени дека ова е исто така важна порака во смисла на европска солидарност од ЕУ, која денеска даде препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Одлуката за почеток на преговори што ја донесе денеска Советот, ја оцени како сериозна добра вест. „Сега ние не можеме да ја примиме како што треба, бидејќи имаме поголема грижа, меѓутоа ќе се справиме со неа, а ова е еден процес што ни гарантира европска индина и конечно да се натпреваруваме со другите држави во реформските процеси“, изјави Димитров.

Тој истакна дека очекува годинава да почнат претристапните преговори.

-Ние оваа одлука ја заслуживме и во 2019 година и во јуни 2019 и во октомври 2019. Јас мислам дека е чесно да се очекува ние да почнеме оваа година пристапни преговори со првата меѓувладина конференција. Ако успее комисијата тоа да го направи во јуни веднаш потоа ќе ги почнеме, меѓутоа непредвидливоста со коронавирусот и кај нас влијае и во ЕУ влијае. Важно е дека големата барикада е зад нас и дека ние се пробивме, истакна Димитров.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close