Вести

Познат износот кој СЈО го плаќал за кирија Катица Јанева за луксузната куќа во Козле

400 евра месечно се давале за киријата на специјалната јавна обвинителка која е во притвор Катица Јанева за луксузната куќа во Козле.

Од СЈО за Канал 5 велат дека според правилникот за работа, секој обвинител има право на 300 евра кирија и 100 евра трошоци за комуналии. Доколку киријата на обвинителот е поголема, тогаш сумата си ја доплаќа сам.

Од Антикорупциска велат дека функционерите имаат обврска при стапувањето на функција и поднесувањето на анкетниот лист да ја наведат адресата на живеење, меѓутоа доколку во меѓувреме ја сменат немаат обврска таа промена да ја пријават. Ова, според нив, е дупка во законот.

Јанева е во притвор за Рекет, откако се слушна нејзиниот глас во снимките на Ла Верита, на кои му вели на Камчев дека се ќе биде во ред.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close