Вести

Откриен е нов симптом од опасниот корона вирус? Еве кај кого се јавуваат

Докторите не предупредуваат на уште еден симптом

Покрај температурата, кашлањето и губењето здив, оториноларинголозите сега предупредуваат на уште еден симптом.

Во прашање е губењето на чувството за мирис.

loading...

Аносмија е ненадејно губење на чувството за мирис, но бе носот да ви биде затнат, понекогаш проследено со губење на чувството за вкус.

Неколку луѓе кои заболеле од Ковид-19 пријавија аносмија како еден од симптомите, изјави вториот човек на француското министерство за здравство, Жером Саломон. Во случај на оваа појава треба веднаш да му се јавите на докторот и веднаш да го избегнувате самолечењето, вели Саломон.

Сепак, ваквиот симптом е поприлично редок и најчесто се јавува кај помладите пациенти со блага клиничка слика Ковид-19.

Француското здружение на оториноларинголози повикува да се внимава и на тоа и дека постои „очигледна врска“ меѓу аносмија и вирусот.

Нема сите што имаат Ковид-19 да развијат аносмија, но сите изолирани пациенти со овие симптоми биле позитивни и на коронавирус, изјави официјален претставник на француското здравство.

Луѓето што ќе искусат ансомија мора да се изолираат, советува Клајн.

Класичната терапија за аносмија, со кортикостероиди, тука не смее да се користи бидејќи ќе го намали имунолошкиот одговор на организмот на вирусот, напоменува тој во своето обраќање.

До сличен заклучок поврзан со аносмија и Ковид-19 дојдоа и германските и американските доктори и научници.

Еве како да ги разликувате симптомите

Бидејќи новиот вирус КОВИД-19 е во истата група вируси како и обичната настинка, тие имаат и слични симптоми.

Па така реакцијата на телото како што се покачена температура и грозница исто така се јавува и кај грипот КОВИД-19.

Поради сличноста вирусот потешко се открива, па затоа еве неколку совети што треба да ги имате во предвид.

На почетокот КОВИД-19 е многу сличен со настинка, со кашлање и кивање.

Настинка е ако немате температура – вели докторот Вилијам Хезлтин кој е стручњак за заразни болести.

Почетните симптоми во горните дишни патишта се слични на настинка. Но ако кашлањето почне да се движи низ градите, во подрачјето на долниот респираторен систем, тогаш луѓето треба да бидат загрижени. Тоа е знак дека би можело тоа да е од инфекцијата со вирусот корона.

„Доколку се чувствувате како да ви е во градите, а потоа и подлабоко во градите, тогаш е поприлично сериозно“, вели докторот и го додава следново:

„Тоа е моментот кога вашето тело почнува да реагира на тоа. Вашето тело претерано реагира на вирусот и создава оштетувања на градите, и тоа е моментот кога ситуацијата е најсериозна. Во моментот кога ќе премине од лесна настинка во воспаление на градите морате веднаш да посетете лекар“ вели Вилијам.
Но како што предупредува тој, луѓето најпрво треба да се јават кај докторот или во болницата, пред да одат на тестирање или лечење. Тоа ги намалува шансите заразеното лице да шири болеста, односно корона вирусот, на други луѓе при транспортот или во ординацијата кај докторот.

Сепак, во сериозни случаи, повикајте брза помош, вели тој.

Кај повеќето луѓе, околу 80 %, симптомите ќе бидат благи, поблиски до настинката, а некои нема ни да ги забележат.

Но околу 15 % ќе добијат сериозно воспаление на градите, а некои од нив ќе бидат и во критична состојба.

„Некои луѓе можат и да го изгубат животот од тоа“, вели докторот.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close