Таблоид

„Не сум самохрана мајка. Имав среќа да изберам добар татко за моите деца“ – Емина искрено за новиот љубовник, но и за поранешниот …

Ги потврди гласините за врската со тускиот милијардер

Досега речиси никогаш не зборувала за својот приватен живот

Пејачката Емина Јаховиќ откако се разведе од својот сопруг, познатиот турски пејач Мустафа Сандал, со кого има два сина, не престанува да ја интригира јавноста со својот приватен живот.

Но пејачката е позната како некој кој не ги коментира написите за неа што се појавуваат во медиумите. Така и бројните текстови во кои се зборуваше дека е во врска со турскиот милионер Садетин Саран, а потоа и дека се разделиле, таа досега не ги коментираше, ниту пак ги демантираше.

Но таа неодамна реши да го промени тоа, па за медиумите призна дека сепак овие гласини беа точни.

„Некое време не бевме заедно навистина и тоа траеше околу пет месеци, но потоа ѕвездите потполно ни се споија“, изјави Емина. Таа зборуваше и за нејзиниот однос со поранешниот сопруг Мустафа Сандал. „Не можам да се согласам со изразот ‘самохрана мајка’, бидејќи поранешниот сопруг ми дава голема поддршка околу децата. Имав среќа да изберам добар татко на своите деца, па така во Мустафа имам и пријател“ – беше потполно искрена познатата пејачка.

Loading...
Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close