Вести

Москва обвинета дека испратила бескорисна помош, граѓаните размислуваат поинаку

Осумдесет проценти од руската помош воопшто не се користи во Италија?

Со повеќе од 11.500 смртни случаи и 100.000 заразени, Италија има повеќе потврдени случаи на инфекција со коронарна вирус и повеќе починати од истиот од која било друга земја во светот.

Осумдесет проценти од помошта што Русија ја испрати во Италија е „бескорисна“, пренесе италијанскиот весник Стампа, повикувајќи се на извори од политички кругови на високо ниво.

loading...

Откако рускиот претседател Владимир Путин и италијанскиот премиер Џузепе Конте зборуваа минатата сабота, Русија испрати 60 респиратори и 100 вирусолози и епидемиолози во Италија.

Снимката од руски воени камиони на патот од Рим до центарот на епидемијата на Бергамо кружеше на Интернет минатата недела.

„Осумдесет проценти од руската помош воопшто не се користи во Италија или е целосно бескорисна – изјави неименуван извор за познатиот италијански весник, додавајќи дека станува збор за опрема за дезинфекција, полска лабораторија за стерилизација и хемиска превенција и сл.

Извори на печатот велат дека пакетот „од Русија со љубов“ на Путин всушност ги користи геополитичките и дипломатските можности и дека Конте добил помош за да обезбеди добри лични односи со Москва.

Амбасадорот на Русија во Италија, Сегеј Разов, го отфрли пишувањето на „Стампа“ и ги опиша тврдењата како „перверзни“.-

„Ваквите тврдења се производ на перверзен ум. Несебичната желба да им се помогне на пријателите во неволја се смета за подмолна“ – изјави Разов.

Осумдесет проценти од помошта што Русија ја испрати во Италија е „бескорисна“, пренесе италијанскиот весник Стампа, повикувајќи се на извори од политички кругови на високо ниво.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close