Вести

Корона вирусот мутира, има осум видови на вируси

И ова не се лоши вести

Новиот коронавирус мутира како и другите вируси и сега има осум видови кои циркулираат низ целата планета, велат експертите.

„Добрата вест е дека мутациите не се посмртоносни“, изјави Тревор Бедфорд, чија страница „NextStrain.org“ го следи геномот на вирусот користејќи примероци земени од целиот свет.

Експертите ги следат геномите на коронавирусите и ги откриваат видовите што се појавија откако вирусот за прв пат се префрли од животинско на човекот на пазар во кинескиот град Вухан. Нивната работа „покажува како вирусот мигрира и се дели на слични, но и на нови подтипови“, пишува USA Today.

loading...

„На прашањето дали генетски се менува, одговорот е апсолутно да“, вели епидемиологот од Харвард, Марк Липсич.

„Прашањето е дали имало некоја промена што го одредува правецот на болеста или преносот или некои други работи што се важни за луѓето“, додаде тој.

Нема голема разлика

Новите видови само малку се променија и нема разлика во смртноста, велат експертите. „Забележаната стапка на мутација (околу два месечно) е доста честа појава за вируси“, напиша Бедфорд на Твитер. „Грипот обично има ист број мутации, дури и малку повеќе“, додаде тој.

Додека досега дешифрираните геноми даваат информации за тоа како може да се запре неговото ширење и дали на тоа му помага држењето на социјалната дистанца меѓу луѓето, а сè покажува дека тоа помага, тие не се ништо повеќе од скица, предупредуваат научниците.

Тие се согласуваат дека останува да се открие многу, но микроскопските промени им помагаат да ја утврдат патогената патека низ човечката популација.

„Епидемиите можат да се следат,“ вели Чарлс Чиу, професор по инфектoлогија на Универзитетот во Калифорнија.

„Ние сме во состојба да го следиме геномот скоро во реално време за да утврдиме кои видови или видови циркулираат“, додаде тој.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close