Вести

Конечно добри вести за корона вирусот од Италија: „Ова почна да делува!“

Еве што вели шефот на цивилната заштита во Италија

Италија во вторникот доби нови докази дека бројот на новозаразени се намалува благодарение на построгиот карантин.

Овие мерки почнаа да ги применуваат и другите држави, меѓу кои и Македонија која е една од првите во регионот.

loading...

Здравствените работници во Италија ги истражуваат сите податоци кои би можеле да покажат дека двете недели забрана и изолација носат резултати. Најстрогите мерки теоретски требаше да завршат во средата навечер, но владата во некој облик ќе ги продолжи и во следните недели и месеци.

Бројките на смртност исто така бележат пад во последните неколку дена во Италија, откако во саботата бројката беше најголема од почетокот на пандемијата во оваа држава – само во овој ден починаа 793 лица.

Сепак бројката на потврдени нови заразени во вторникот порасна за само осум отсто, исто како и во понеделникот, што е најмал процент откако во февруари беше забележан првиот смртен случај.

„Мерките што ги преземавме пред две недели почнаа да даваат резултати“, изјави шефот за службата за цивилна заштита Ангело Борели за дневниот весник „Ла Република“, пред да бидат објавени податоците во вторникот. Тој додаде дека следните неколку дена ќе покажат дали навистина се намалува бројот на новозаразени (во средата имаше четврти ден помалку нови случаи од пикот во понеделникот на 21 март кога имаше 6557).

Доколку ова се покаже како точно, забавениот раст во Италија би дало надеж сред глобалната здравствена криза која се продлабочува во други делови од Европа и во Соединетите американски држави.

Научниците веруваат дека Шпанија и Франција ги следи италијанското сценарио со задоцнување од неколку недели.

Бројките во САД ист така се слични со оние во Италија од пред дваесетина дена, пишуваат италијанските медиуми.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close