Само за мажи

И ја отвориле главата за да и го отстранат туморот, а откриле неочекуван гостин

На штотуку мажената Ракел Палма рекарите и соопштиле страшна вест – дека и откриле тумор на мозокот и дека скенерот покажал оти е малигнен. Сепак, излегло дека нешто сосема друго е во прашање.

Лекарите се подготвиле за операција во болницата „Моунт Синај“ во Њујорк, ја заспале и и го отвориа черепот во потрага по малигнен тумор.

Сепак, Џонатан Расули, шеф на неврохирургија, вели дека кога стигнале до сомнителната маса сфатиле дека не е рак, туку еден вид на јајце.

„Сите се чудевме и се прашувавме: Што е ова? Бевме малку шокирани и изненадени од изгледот”, се сеќава Расули.

Хирурзите ја отстраниле масата, а потоа ја ставиле под микроскоп и сфатиле дека е ларва на тенија.

Пациентката не знаеше што да мисли.

„Се разбира, му беше грозно кога ми кажаа. Никој не сака тенија да му расте во мозокот. Но, ми олесни, бидејќи тоа значеше дека нема дополнителен третман “, вели Палма.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close