Вести

Дуковски: „Јовановски изгуби свест, ова е непријатно, секој човек заслужува право на живот“

Сашо Дуковски, адвокатот на првоосмничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, денеска даде изјава за тоа што се случи во Обвинителството за организиран криминал и висока корупција, отккоа Боки 13 на носилки беше изнесен од Апелација и однесен во болница. Тој истакна дека Јовановски не стигнал да даде исказ поради тоа што веднаш почнал да повраќа и колабирал, по што со брза помош е пренесен во болница.

„Непријатна сцена се случи, она што се случува 40-50 дена. Почна да повраќа и колабираше, и не беше контактибилен. Сега е донесена брза помош и однесен во болница. Иако има мислење од Клиниката за торакална дека е неопходна хоспитализација и нега.

Loading...

Обвинителството како и јас не сме лекари, но она што го видовме не беше пријатно. Секој човек заслужува право на живот. Јас сметам дека мора да се даде секому медицинска нега, независно дали и што сторил. Кривична постапка е една работа, а правото на живот и здравје е друга. Неслучајно е однесен итно во болница, и 20 пати бил на субспецијалистички преглед. Не успеа даде исказ. Јас кога дојдов веќе повраќаше масовно во тоалетот, беше грда сцена, потоа изгуби свест не беше контактибилен ниту со мене ниту со лекарите“, рече Дуковски.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close