Вести

Дуковски: Секој втор ден Бојан е во болница, доколку почине Македонија ќе изгуби голем човек.

Секој втор ден Боки 13 е во болница, може да почине секој момент бидејќи нема желудник.

Сашо Дуковски, адвокатот на Бојан Јовановски – Боки 13 денеска во Апелација истакна дека неговиот клиент е во загрижувачка здравствена состојба, и дека секој ден повраќа поради проблеми со желудникот, објавува ТВ 21.

Loading...

„Еве командирите од затворската полиција може да потврдат дека секој ден е нпсен на торахална хирургија каде прима терапија. Има две неуспешни операции. Овој човек нема желудник. Секоја храна му се враќа, секој ден повраќа. Неопходна е хоспитализација.

Тој не може да биде третиран со општ лекар во затворот во Шутка”, рече адвокатот Сашо Дуковски на јавната седница во Апелација на која се бара укинување на мерката притвот за Бојан Јовановски кој е првоосомничен во случајот “Рекет.

Како што претходно изјави директорот на Клиниката за торакална хирургуја Неџати Јакупи, Јовановски имал желудочни тегоби поради операцијата на желудникот која ја имал неодамна.

Јовановски веќе втор месец е во притвор во затворот во Шутка. Тој е првоосомничен во аферата „Рекет“.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close