Вести

Докторот Ненад Лазаров до Филипче- „Контактирајте ги Кубанците, желни се да помогнат“

Докторот Ненад Лазаров со апел до надлежните во Македонија

Кубанската „бела бригада“ пристигна во Италија

Комунистичка Куба изјави дека викендов прв пат испратила бригада со доктори и медицински сестри во Италија за да помогнат во борбата околу новиот коронавирус на повик од најтешко погодениот регион Ломбардија. На ова потсети и нашиот познат доктор Ненад Лазаров кој апелираше до нашите власти да се обратат до Кубанците кои според него, се желни да помогнат.

loading...

„Имаме можност да донесеме екипа во Македонија, никаква штета нема кога се нуди помош! Имаат работено со Ебола и сл. Апелирам до надлежните, стапете во контакт, желни се да помогнат и дојдат, додека имаат тимови…,“ напиша тој на социјалните мрежи

Куба од својата револуција 1959 почна да испраќа војска во бели мантили на места погодени од катастрофи ширум светот, а најмногу во сиромашни земји. Нивните доктори беа на првите борбени редови против колерата во Хаити, но и против еболата во западна Африка 2010.

Погледнете како беше пречекана нивната бригада од 52 доктори и медицински сестри кои пристигнаа во Италија.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close