Вести

Германците им помагаат на Французите во борбата со коронавирусот

Француската војска со хеликоптери пренесува пациенти во Германија

Француската војска ќе користи хеликоптери за да ги пренесе пациентите болни од „Ковид-19“ од тешко погодена источна Франција за лекување во Германија, изјави министерот за одбрана Флоренс Парли.

Јавниот радиодифузер „Франциј Инфо“ известува дека првите двајца пациенти се качиле во хеликоптер „Кајман“ во источниот град Мец.

loading...

„Искрено им се заблагодарувам на нашите германски пријатели за нивната поддршка и солидарност“, напиша Пари на Твитер.

Претседателот Емануел Макрон во средата најави национална воена операција за помош на болниците и јавните служби во борбата против епидемијата.

Франција забележа 32.964 инфекции од новиот вирус и 1.995 смртни случаи само во болниците во земјата, додека стапката на морталитет во регионот на Велики Исток е 37 проценти повисока од нормалната.

Во Франција, воените авиони и бродовите и ново опремениот воз за интензивна нега беа користени за да се пренесат пациентите од најтешко погодените области во болници со поголем капацитет.

Во меѓувреме, германскиот авион А310 MedEvac пренесе шестмина сериозно болни пациенти од Бергамо во северна Италија во Келн, од каде ќе бидат упатени во различни германски болници за лекување.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close