Вести

Бранко Героски: Море марш таму, ви дадовме власт и видовме какви сте

Со каква леснотија некои луѓе ги отфрлат вредностите за кои некогаш заедно се боревме. Преку ноќ стануваат цензори и бедни апологети на новата автократија. И згора на сė, мене ме обвинуваат – јас сум ја предал “каузата”. И не само мене…Ова го напиша на Фејсбук новинарот Бранко Героски.

– Море марш таму, идиоти едни! За вас важи онаа народната – дај му малку власт на човек и види го каков е. Ви дадовме власт, видовме какви сте. Чест на исклучоците, ама опасно нė разочаравте. Ги поткопавте темелите на нашата заедничка куќа. За самите да бидете газди во неа. Исплашени дека некој ќе ви го грабне тоа задоволство, о бедни и ситни душички! Поздрав од “суетнио”… Сега може слободно да тужите. Тужете ги сите што не ви се допаѓаат. Море, уапсете ги веднаш! Јовче ќе ви направи список…напиша тој.

 

ТУЖЕТЕ И АПСЕТЕ, ЈОВЧЕ ЌЕ ВИ НАПРАВИ СПИСОК!Со каква леснотија некои луѓе ги отфрлат вредностите за кои некогаш заедно…

Posted by Branko Geroski on Понеделник, 26 август 2019

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close